Ќе се градат 100 мали сончеви и хидроцентрали

Bez autora
Jul 09 2013

Изградбата на мали капацитети од обновливи извори на енергија, со користење на водните потенцијали или со користење на сонцето, доживува вистински бум. Ако лани крајот на годината го завршивме со 13 мали хидроцентрали и 16 фотонапонски кои во текот на 2012 година произведоа 18 гигават-часови електрична енергија, заклучно со минатиот месец во функција беа 18 мали хидроцентрали и 25 фотонапонски со инсталиран капацитет од околу 18 гигавати. Во првото полугодие од годинава тие произведоа 22,5 гигават-часа електрична енергија. Меѓутоа, ако се земе предвид дека Регулаторната комисија за енергетика има издадено над 100 решенија за добивање статус на повластен производител на електрична енергија, односно за хидроцентрали и фотонапонски кои се во фаза на изградба, излегува дека производството на струја од обновливи извори доживува вистински бум.

Ќе се градат 100 мали сончеви и хидроцентралиИзградбата на мали капацитети од обновливи извори на енергија, со користење на водните потенцијали или со користење на сонцето, доживува вистински бум.

Ако лани крајот на годината го завршивме со 13 мали хидроцентрали и 16 фотонапонски кои во текот на 2012 година произведоа 18 гигават-часови електрична енергија, заклучно со минатиот месец во функција беа 18 мали хидроцентрали и 25 фотонапонски со инсталиран капацитет од околу 18 гигавати. Во првото полугодие од годинава тие произведоа 22,5 гигават-часа електрична енергија.

Меѓутоа, ако се земе предвид дека Регулаторната комисија за енергетика има издадено над 100 решенија за добивање статус на повластен производител на електрична енергија, односно за хидроцентрали и фотонапонски кои се во фаза на изградба, излегува дека производството на струја од обновливи извори доживува вистински бум. Но, засега тоа е случај само со капацитети што произведената струја ќе ја продаваат по повластени, односно повисоки цени, а што ќе се пресмета во крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните и стопанството.

Токму од овие причини и издавањето дозволи за изградба на вакви капацитети е ограничено и моментно предвидените 18 мегавати во фотонапонски централи се речиси искористени. Односно, како што велат од РKЕ, со веќе издадените решенија и со пристигнатите, веќе е надминат определениот капацитет. А тоа значи дека само дел од оние што се во фаза на одлучување ќе влезат во категоријата повластени производители.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, статус на повластен производител имаат 48 хидроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 53 мегавати, како и 60 фотонапонски од различна големина кои заедно имаат инсталиран капацитет од околу 10 мегавати. Или с` заедно земено, кога тие ќе се изградат, инсталираниот капацитет за производство на електрична енергија на Македонија ќе се зголеми за околу 80 мегавати. Истовремено, според издадените решенија од РKЕ во кои е наведено планираното производство на електрична енергија, кога сите ќе бидат во функција (во рок од една до три години во зависност од тоа за каква централа се работи), ќе добиеме дополнително производство од околу 200 гигават-часови електрична енергија.

Оние што во иднина ќе сакаат да произведуваат струја со користење на сонцето ќе мора претходно да добијат лиценца од РKЕ, да обезбедат пласман на производството преку трговци, снадбувачи со електрична енергија и на операторот на електропреносниот систем и операторите на електродистрибутивните системи. Тоа ќе профункционира со стапување во сила на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik